Високопозиционирани екстремисти во хиерархијата на „Исламска држава”, меѓу кои и нејзиниот „воен министер“ Абу Мусаб ал Масри, биле убиени од сириската армија при операции источно од Алепо, соопштија сириски медиуми.
Меѓу убиените имало Саудијци и Ирачани, пренесува БТА.
Не се прецизира кога биле преземени операциите кај Алепо.