Сирија со осуда за изралескиот напад на нејзина територија

Од:

Сирија го осуди израелскиот воздушен удар врз воено-истражувачки центар во реонот на Дамаск и наведе дека тој удар значи објавување војна, јави ДПА.

Сирискиот заменик министер за надворешни работи, Фејсал ал Мекдад изјави за Си-Ен-Ен дека нападот докажува оти Израел е во сојуз со бунтовниците кои се борат за симнување од власт на претседателот Башар Асад.

Тој додаде дека Сирија ќе одговори на ударот на соодветен начин. Во писмо до СБ на ОН сириското МНР наведува дека во „израелската агресија“ убиени се и ранети неколку луѓе и има материјална штета. Тие напади се со цел „да дадат директна поддршка на терористичките групи“ што војуваат со Владата, се додава во писмото.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ