Сирија: Одлуката на Египет да ги прекине дипломатските односи со Дамаск е неодговорна

Од:

Сириските власти соопштија денеска дека одлуката на Египет да ги прекине дипломатските врски со Дамаск е неодговорна, обвинувајќи го египетскиот претседател Мохамед Морси дека се приклучил кон заговорот на САД и Израел, чија цел е поделба на Блискиот Исток.

Сириската Влада реагира еден ден откако Морси објави дека дефинитивно ги прекинува врските со Сирија, каде повеќе од две години се води граѓанска војна.

– Египет одлучи дефинитивно да ги прекине односите со актуелниот режим во Сирија, да ја затвори сириската амбасада во Каиро и да го повлече египетскиот концуларен претставник од Дамаск, истакна вчера Морси пред илјадниците приврзаници на стадионот во Каиро, каде се одржа собир „Поддршка за Сирија“.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години