Сирија: Холанѓанка на чело на тимот на ОН

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ја именува Холанѓанката Сигрид Каг за лидер на здружената мисија на Организацијата за забрана за користење на хемиското оружје при ОН во Сирија.

Тој вчера за својата одлука го извести Советот за безбедност на ОН, кој што во среда треба да ја потврди.

Педесет и двегодишната Каг од 2010 година е заменик на генералниот секретар на програмата на ОН за развој (УНДП).

Таа во 1994 година од Министерството за надворешни работи дојде во ОН. Работеше како регионална директорка на УНИФЕЦ за Блискиот исток, при агенцијата за помош на палестинските бегалци УНРВА и Меѓународната организација за миграција.

Советот за безбедност во петок им даде овластување на Организацијата и ОН да го уништат сириското хемиско оружје. Мисијата ќе има околу 100 члена, а нивна задача е да го спроведат уништувањето на хемиското оружје.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години