Сирија демантира дека Асад е тешко болен

Од:

Сириската Влада ги демантира гласините дека претседателот Башар ал Асад е тешко болен и нагласи дека тој сосема нормално ги исполнува своите работни задачи.

Изминатите денови на социјалните мрежи и на некои арапски веб страници се појавија шпекулации дека 51-годишниот Асад е во критична состојба, при што некои јавуваат дека добил мозочен удар или дури дека бил ранет при атентат.

– Претседателството ги демантира тие гласини. Претседателот Асад е во одлична здравствена состојба, се вели во соопштението од неговата канцеларија.

– Тие гласини се совпаѓаат со промените на бојното поле и на политички план, се нагласува во документот.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад