Сирија бара итна седница на СБ на ОН за Голанската висорамнина

Од:

Сирија го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи итен состанок за Голанската висорамнина.

Повикот на Сирија следеше по контроверзната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае израелскиот суверенитет над окупираната Голанска висорамнина.

Трамп во понеделникот потпиша претседателски указ со кој службено го признава Голан како израелска територија.

Според ОН, правниот статус на Голан останува непроменет и покрај потегот на Трамп, така што и натаму се смета за „окупирана територија“ според меѓународното право.

Израел ја окупираше Голанската висорамнина на Сирија за време на арапско-израелската војна во 1967 година и продолжи да зазема околу две третини од подрачјето на Голанската висорамнина како резултат на судирот.

Израел во 1981 година формално ја анектираше таа територија, што во тоа време едногласно го отфрли Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години