Сирени во Тел Авив за прв пат по последната ескалација на насилството во Појасот Газа

Од:

Сирени за предупредување за проектили се огласија во јужниот дел на Тел Авив и централните градови Ришон Лезион и Холон за првпат по последната ескалација на насилството меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад во петокот попладне.

Според првите извештаи, некои ракети биле пресретнати од одбранбениот систем „Железна купола“, додека други паднале на отворен простор.

Малку порано сирени се слушнаа и во Ашкелон, Сдерот и други градови поблиску до границата со Појасот Газа.

Пресретнати се неколку ракети. Нема информации за жртви или материјална штета.

Околу 400 ракети се истрелани врз Израел од петокот попладне, објавија израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел