Синовите на озлогласениот водач на нарко-картелот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, кој отслужува доживотна затворска казна во САД, го продолжија семејниот „бизнис“ со фентанил со создавање мрежа на лаборатории кои произведуваат огромни количини на евтина, смртоносна дрога која тие ја шверцуваат во САД.
Иако судењето на Ел Чапо се водеше главно за околу испораките на кокаин, случајот против неговите синови открива дека картелот направил промена, преминувајќи на исклучително опасен фентанил, кој криминалците го продаваат во САД по најниски цени, пренесува АП.
Синтетичките опиоиди, главно фентанил, убиваат повеќе Американци годишно отколку во Виетнам, Ирак и Авганистан заедно, што ги натера некои политичари да кажат дека картелите треба да бидат означени како терористички организации, според АП.
Агенцијата додава дека правењето сопствен фентанил, кој е многу посилен и поопасен од хероинот, во мали скриени лаборатории тотално ја променил „играта“.
Картелот потоа премина кон изградба на лабораторија за фентанил, подоцна создавајќи мрежа од лаборатории во мексиканската држава Синалоа пред помалку од една деценија.