Синот на претседателот на Туркменистан влегува во претседателската трка

Од:

Сердар Бердимухамедов, синот на претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов денеска потврди дека ќе се кандидира за претседателската функција.

Изборите се закажани за 12 март, се наведува на веб-страницата на весникот „Саламњуз“.

Бердимухамедов (64) во текот на викендот соопшти дека распишува предвремени претседателски избори. Тој најави дека нема да бара нов мандат по 15 години на власт и дека сака да ја предаде власта на нова генерација.

Неговиот 40-годишен син, кој моментално е вицепремиер, се очекува да го наследи својот татко на функцијата претседател на централноазиската земја богата со гас.

Сердар Бердимухамедов беше номиниран од владејачката Демократска партија на Туркменистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Туркменистан се гради нов град: Чини 4,5 милијарди евра, ќе го носи името на лидерот

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

А1он

Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан

Задолжителна вакцинација за полнолетните граѓани во Туркменистан

Ана Ололовска

Во Туркменистан нема коронавирус – и натаму тврди претседателот, Гурбангули Бердимухамедов

Жарко Настоски

Туркменистан тврди дека во земјата нема случаи на Ковид-19

Ана Ололовска