Единствениот наследник на поранешниот филипински диктатор Фердинанд Маркос, кој го носи татковото име и презиме, со додавката јуниор , денеска објави дека ќе се кандидира на претседателските избори на Филипините, закажани за идната година.
Маркос јуниор е третиот сенатор од опозициската Националистичка партија, кои најавија кандидатура за потпретсеател, или претседател на Филипините.
Обид да добие втор петгодишен претседателски мандат прави и сегашниот шеф на државата Бенињо Акино. Тој се обидува да издејствува измени во филипинскиот Устав според кој претседателската функција е ограничена на еден мандат. Ова правило во Уставот го внесе мајката на сегашниот претседател Корасон Акино, со образложение дека Филипините веќе нема да дозволат да се повтори диктатурата на Маркос, сменет по милионскиот народен протест во 1986 година.