Синот на Бајден меѓу директорите на украинска компанија за гас

Од:

Белата куќа соопшти дека со поставување на синот на потпретседателот на САД, Џозеф Бајден за член на советот на директори на најголемиот приватен произведувач на природен гас во Украина, не претставува судир на интереси, бидејќи тој е приватно лице.

-Роберт Хантер Бајден како и сите членови од семејството на потпретседателот е приватно лице и она што го прави не подразбира никаква поддршка од администрацијата на САД, потпретседателот или претседателот- рече портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

Помладиот син на Џозеф Бајден, кој работи како адвокат и партнер во една фирма за инвестиции, оваа недела е поставен за член за советот на директори на компанијата „Бурисма Холдинг“, најголемиот приватен производител на природен гас во Украина од 2002 година.

Во соопштението кое што стои на сајтот на компанијата, Хајтен Бајден изјавил дека ќе и помогне на компанијата на поле на транспарентност, одговорности и ширење на меѓународен план.

Инаку Џозеф Бајден во април беше во посета на Киев, каде што разговараше за тоа како САД може да помогнат во проширување на домашното производство на природен гас.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите