Сингапурските пасоши котираат високо во целиот свет

Од:

Сингапурски весник „Стрејт тајмс’’ во денешното издание наведува дека со пасош на Сингапур сега без виза може да се влезе и претстојува во 167 од 219 држави во светот.

Пред сопственците на сингапурски пасош со помалку потреби од визи, во вкупно 173 држави, се само државјаните на Финска, Шведска и Обединетото Кралство. Во групата со сингапурските се и пасошите издадени во Австралија и Грција.

Истовремено, со соопштувањето на оваа вест, сингапурските медиуми гобјавија и апел на премиерот на државата-остров Ли Хсиен Лунг, кој ја изрази загриженоста поради покажаната нетрпеливост на Сингапурците кон државјани на други, особено на неколку соседни држави.

Чашата ја прелеа масовно подржаната идеја да се забрани одбележувањето на 116-годишнината од усвојувањето на „Декларацијата за независност“ на Филипините во Сингапур. Илјадници Сингапурци на Фејсбук се изјасниле против вакви манифестации, а во коментарите имало премногу невкусни ставови за „несингапурците’’.

Премиерот Ли изјави дека Фејсбук кампањата против Филипинците и другите странци е „голем срам за Сингапур’’ и потсети дека голем број негови сограѓани живеат надвор од државата и немаат проблеми од тој вид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска