Сингапурскиот пасош е рангиран како „најмоќен“ во светот, според Глобалниот индекс за пасоши, кој денеска го објави глобалната консултантска фирма “Артон Капитал“.
Рангирањето се базира врз „безвизен резултат“, кој го прикажува бројот на земји во кои лице со одреден пасош може да патува без виза или виза при пристигнувањето.
Сингапурскиот пасош е на врвот на листата со безвизен резултат за 159 земји, а по него е германскиот пасош со 158 и шведскиот пасош со 157 земји за кои не требаат визи.
На листата доминираат европските пасоши, при што Германија е на врвот во последните две години.
Сепак, откако Парагвај го укина визите за сопствениците на пасоши од Сингапур, овааа азиска земја годинава дојде на врвот на листата.
– За првпат една азиска земја има најмоќен пасош во светот. Тоа е доказ за инклузивните дипломатски односи на Сингапур и ефективната надворешна политика, изјави директорот на „Артон Капитал“, Филип Меј.