Сингапур денеска испрати два воени хеликоптери од класата „Чинук’’ што ќе учествуваат во гаснењето на пожарите кои од неделата зафатија огромни површини шуми на северот на Тајланд. Хеликоптерите се опремени со контејнери со капацитет од 5.000 литри вода.
Пожарите во овој дел на Тајланд предизвикаа и големи облаци на чад, поради што се одложени повеќе авионски летови. Во последното мерење метеоролозите регистрираа концентрација на мали тврди честички од 226 милиграми на кубен метар, два и пол пати повеќе од границата на безбедното ниво.
Причина за појавувањето на пожарите во Тајланд се невнимателните земјоделци кои, подготвувајќи го земјиштето за нова сеидба, а при тоа ги палеле големите количества слама од минатогодишната жетва на оризот.