Сингапурските власти ќе воведат строги мерки за забрана на рекламирање на нездрава храна за децата.
Забраната за рекламирање на зашеќерени пијалоци и чоколада од почетокот на идната година ќе важи за медиумите што имаат содржини наменети и за децата под 12 годишна возраст, на телевизиските канали и во печатените медиуми.
Забрана за рекламирање на нездрава храна ќе важи иза автобуските станици што се помалку од 50 метра оддалечени од автобските станици во близина на училиштата.
Забраната за рекламирање е воведена од како прецизната статистика во Сингапур соопшти дека девет од десет родители или старатели на малите деца им купуваат зашеќерена храна ако децата тоа го побараат од нив.