Сингапур вложува 20 милиони долари за промоција на туризмот

Од:

Сингапурската авиокомпанија, познатиот аеродром „Чанги“ во градот-држава, кој сега има 5,6 милиони жители и Бордот за туризам на Сингапур, до мај идната година ќе вложат уште 20 милиони долари за промоција на туризмот.

Со веќе инвестиарани 35 милиони долари за пропаганда, ова е досега најголем зафат за туристичка промоција на Сингапур и компаниите кои и најмногу заработуваат во туристичкот промет.

Кампањата, која покрај традиционалните причини поради кои туристите доаѓаа во Сингапур, треба да привлече и поголем број странски гости кои ќе престојуваат тука поради нови бизниси, конгрсен туризам и меѓународни саеми и изложби. Акцијата ќе се спроведува на 15 туристички пазари ширум светот.

Минатата година Сингапур регистрираше посета на 15 милиони странски туристи, што беше остварен за три отсто помал промет од оној во 2013 одина, кога е забележан рекорден промет од 15,6 милиони туристи.

Тоа беше првпат во последните седум години туристичкиот промет да опаѓа, и за да се поврати атрактивноста Сингапур започна агресивна рекламна кампања во која годинава веќе вложи 35 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска