Сингапур: Уапсен тинејџер за планирање напад на џамии

Од:

Во Сингапур уапсен е 16-годишник затоа што наводно планирал напад на две џамии на 15 март годинава, на двегодишнината од терористичкиот напад во Крајстчрч, Нов Зеланд, пренесува Би-Би-Си.

Наводно, тинејџерот бил инспириран од Брентон Тарант, убиецот од Крајстчрч, и планирал да ги прободе своите жртви со нож и да го пренесува нападот во живо.

Властите не го соопштија идентитетот на 16-годишното момче, но рекоа дека тој бил член на протестантската црква, и бил со индиско потекло.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој бил мотивиран од силна омраза кон исламот и фасциниран од насилство.

Нападот во Крајстчрч беше најголемото масовно убиство во историјата на Нов Зеланд. Вкупно 51 лице беше убиено во две џамии на 15 март 2019 година, а напаѓачот Тарант е осуден на доживотен затвор без можност за условна казна.

Би можело да ве интересира

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска

Новинари му плаќаат стотици илјади долари отштета на сингапурскиот премиер

А1он