Сингапур најдобар, а Северна Кореја најлоша држава во однос на корупцијата во Азија

Од:

Сингапур се најде на осмото место во светот и на прво во Азија во рангирањето според индексот на корупцијата, што за 2015 година го објави Танспаренси интернешанл.

На последно 167-мо место од азиските држави се наоѓа Северна Кореја, која овој неславен рекорд го држи над една деценија.

Корупцијата, која во најголем дел држави во Азија се уште е „стил на живеењето“, и натаму еден од главните проблеми во подрачјето во кое има 4,4 милијарди жители.

Во анализите на Транспаренси, но и во други проценки за состојбите во овој дел на светот, се констатира дека борбата против корупцијата формално е една од водечките идеи на политичките раководства, но во праксата корупцијата тешко се искоренува, а нејзините актери се судат само ако тоа е во интерес на актуелните политички гарнитури.

Намалување на корупцијата лани бележат повеќе држави од АСЕАН и Кина. Далеку од посакуваните резултати, но сепак со најголем напредок, се Индонезија и Кина, кои од 107 и 101 место на светсската листа во 2014 година, лани се спуштија на 88 и 80 место. Напредок имаат и на Филипините, кои од троцифрен дојдоа на листата држави со две бројки пред нивното рангирање.

Транспаренси интернешнанл во анализата за 2015 година поставува прашање – дали Малезија навистина заслужува да се најде меѓу најпозитивните во Азија. Малезија на светската листа е на 50 место, иако државата ја потресуваше скандал во врска со откриените 700 милиони долари на приватните сметки на премиерот Разак.

Скандалот, барем административно, сега е стопиран со одлука на државниот обвинител на Малезија, кој одлучи дека нема криминални и коруптивни активности на премиерот.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата