Сингапур најави дека има готови планови за подигање на нивото на полетно-слетните писти на аеродромот „Чанги“ за еден метар, за да го заштити овој фреквентен аеродром од можното поплавување што му се заканува поради подигањето на нивото на морето. Планот во Бусан, Јужна Кореја, го соопшти сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг на самитот меѓу државитеод АСЕАН и Јужна Кореја, кој побара единаесетте држави учеснички да создадат заедничка стратегија за справување со глобалните климатски промени.
Според сингапурскиот премиер, во неговата држава има сознанија дека морското ниво до крајот на овој веќ ќе се подигне повеќе од предвидуваните 48 сантиметри, а и тоа е ниво што значајно ќе ја загрози територијата на неговата пет милионска остров –држава.
Сингапурскиот аеродорм е еден од најпрометните во светот преку кој се опслужуваат над 54 милиони патници годишно. Целиот аеродром зафаќа површина од 1.300 хектари, што е површина од 1,800 фудбалски стадиони. Двете полетно-слетни писти на аеродромот, долги 4 километри, сега се на нешто повеќе од еден меатр повисоки од нивото на морето кога во ова подршје има плима.