Сингапурскиот Парламент го одобри барањето на Министерството за внатрешни работи и дозволи во следниве две години во специјалните сили за одржување на редот и мирот, покрај сегашните 300, да се ангажираат уште толку специјалци. Повод за оваа одлука се минатогодишните немири во квартот „ Мала Индија’’, во кои беа повредени стотина демонстрансти и 39 полицајци. Во протестите и суддирите со полицијата, што за Сингапур се вистинска реткост, неа уништеи 25 амбулантни и три полициски возила, а официјалниот извешатј беше прифатен на вчерашната седница на парламентот.
Образложувајќи го предлогот за 300 нови специјалци пред Парламентнот, заменикот на премиерот на Сингапур Тео Хеан рече дека и за сегашните и идните специјалци ќе се обезбедат многу подобри услови за работа.Посебен тим ќе се грижи да ги открие евентуалните намери за насилнипротести што би се појавиле на социјалните мрежи или на слични места.
Иако сингапурскиот заменик на премиерот рече дека преголемото количество алкохол, испиено на 5 декември било главна причина за нередите во квартот „ Мала Индија’’ во кој има голема концентарција на Индуси, кои се староседелци, или новодоселени, аналитичарите потсетуваат дека не треба да се заборават правилата „ ТРИ К ’’ прифатени во првите години на сувереноста на Синнгапур. Според овие правила, трите К значат тотална забрана на појава на Колонијализам, Комунизам и Комунализам. Недозволувањето на комунализам беше и законски определено, покрај другото, со прописот според кој во нова зграда станови можат да купат ограниќен број на националностите што живеат во Сингапур, пропорционално на процентот на нивното учество во структурата на вкупното население.