Сингапур ќе ја подигне границата за заминување во старосна пензија од сегашните 65 на 67 години.
Со новиот закон ќе се овозможи компаниите да ги задржат вработените и по навршување на 67 година, но покрај лекарски уверенија, заинтересираните ќе треба да обезбедат и доказ за потребата од таков профил на вработени и мислење на Стопанската комора дека таквиот кадар е дефицитарен.
Новиот лимит за старосна пензија ќе стапи во сила од јули идната година.
Во меѓувреме, властите го забранија правото на компаниите на вработените кои имаат 60 и повеќе години да им се одзема 10 отсто од платата, што е компензација на дел од платата што вработените ја добиваат врз основ на минатиот труд.