Државните библиотеки во Сингапур ја прогласија за непожелна детската книга, инспирирана од настаните од животот, за два пингвина-мажјаци кои одгледуваат мало пиле во ЗОО во Њујорк, и врз основа на тоа примероците од книгата ќе бидат уништени.
Јакоб Ибрахим, конзервативен министер за информации на овој град држава во јужна Азија, рече дека ја поддржува одлуката да се уништат сите копии на оваа книга, како и примероци на уште два наслова, бидејќи според него, во Сингапур во сила се норми оти децата треба да се учат за конвенционални, машко-женски семејства.
Националниот библиотечен одбор, кој управува со јавните библиотеки во Сингапур, соопшти дека спорните книги ќе бидат уништени.
Меѓу нив се: „Аnd Tango Makes Three“, за истополов пар пингвини во ЗОО во Њујорк, „The White Swan Express: A Story About Adoption“, во која се појавува лезбејск двојка, и „Who’s In My Family: All About Our Families“.