Синдикатот на француските пилоти ќе поднесе кривична пријава за нарушување на тајноста во истрагата за авионската несреќа

Од:

Синдикатот на пилотите од цивилната воздушна пловидба во Франција ќе поднесе кривична пријава за непочитување на тајноста на истражната постапка во случајот со авионската несреќа на Ербасот А-320, која се случи пред два дена на француските Алпи, изјави шефот на организацијата Ерик Дериври.

– Не е нормално до весникот „Њујорк тајмс“ да стигнат најдеталните податоци за текот на истрагата, кои Јавниот обвинител на Франција ги потврдува многу часови подоцна. затоа синдикатот ќе поднесе кривична пријава за непочитување на тајноста на истражната постапка. Француското законодавство дозволува тоа да се поднесе против непознат извршител, потврди Дериври.

Тој упати критики и за дејствувањето на француското Биро за истражување на несреќи, нагласувајќи дека „многу важни податоци не биле соопштени на прес-конференцијата, на која беа истакнати првичните информации за истрагата на авионската несреќа“.

– Уште одамна не сме задоволни од работата на раководството на Бирото. Нашиот синдикат бара во советот на оваа организација задолжително да бидат вклучени и се уште активни француски пилоти, изјави синдикалниот лидер.

Освен тоа, Дериври, како и други француски експерти, изрази сомнеж во веродостојноста на информацијата, соопштена по првото дешифрирање на записите од црната кутија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски