Силванов: Русија не се согласува со никакво преструктурирање на украинскиот долг

Од:

Русија нема да даде согласност за никакво преструктурирање на долгот на Украина во износ од три милијарди долари, изјави рускиот министер за финансии Антон Силванов, цитиран од ТАСС.

Силванов ова го кажа како одговор на изјавата на украинскиот министер за финансии Наталија Јареско дека преструктурирањето на украинските еврообврзници во износ од три милијарди долари потпаѓа под механизмите на Лондонскиот клуб.

– За никакви преструктрурирања нема да дадеме согласност. Ќе чекаме Украина да ги исполни своите обврски, вели Силванов.

„Во случај на банкрот или неисполнување на обврските од страна на Украина кон Русија ќе се пожалиме пред Арбитражниот суд во Лондон, во согласност со англиското законодавство“, изјави рускиот министер за финансии.

Силванов натираше дека за ова ќе може да се одлучува дури во декември.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски