Силно невреме на северот на Италија, ветерот ги носеше покривите

Од:

Невреме со пороен дожд и силен ветер го погоди северниот италијански регион Ломбардија во саботата попладне и додека циклонот се движи од север се очекува да зафати и други делови од земјата. Поради силните ветрови, ситуацијата беше особено критична во близина на градот Монца и населбите Серењо и Ро во областа Милано.

Во Милано пожарникарите соопштија дека неколку покриви се однесени од ветрот. Железничката линија Милано – Алесандрија беше привремено затворена поради оштетувања. Невреме и обилни врнежи се очекуваат и во други делови на северна Италија, вклучувајќи ги регионите Лигурија, Пиемонт, Венето и Фриули.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет