Силната експлозија во Мексико Сити предизвикана од гас

Од:

Државниот обвинител Јесус Мурило Карам изјави дека големата експлозија што го уништи седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Пемекс“ во Мексико Сити е предизвикана од гас.

Полициската истрага не пронајде никакви докази за употребна на екслозив во зградата.

Се претпоставува дека оштетена електрична инсталација предизвика експлозија на гас, кој истекувал во зградата. Се испитува од каде истекувал гасот, иако се претпоставува дека е од гасоводот кој се наоѓа под зградата.

Експлозијата урна неколку катови од зградата, а загинаа 37 луѓе, а повеќе од сто се повредени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД