Силна летна бура предизвика сообраќаен хаос во Холандија

Од:

Невообичаено силна летна бура предизвика сообраќаен хаос во Холандија. Многу патишта беа затворени поради откорнати дрвја, а десетици летови биле откажани на амстердамскиот аеродром. Властите ги предупредија граѓаните да ги откажат патувањата.

Едно лице загина кога дрво паднало врз неговиот автомобил, а има и повредени во неколку холандски градови.

На западниот брег од земјата брзината на ветрот достигна 121 километар на час, поради што метеоролошката служба објави најсериозно предупредување за лоши временски услови.

Во Амстердам е прекинато движењето на возовите и трамваите.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи