Силна експлозија во израелскиот град Цезареја, сирени во Тел Авив, Хаифа…

Од:

Силна експлозија се слушна утринава во израелскиот град Цезареја поради, како што смета полицијата, „очигледен напад со беспилотни летала“. Израелската армија (ИДФ) објави дека од Либан биле испукани три дронови кон Израел, при што била погодена зграда во Цезареја.

Засега нема информации дали има повредени во нападот.

Според соопштението на ИДФ, другите два дрона биле пресретнати.

Израелската армија објави и дека утринава во Тел Авив се огласиле сирени поради напад со дрон во областа Глилот, каде се наоѓа главната разузнавачка база на ИДФ и штабот на Мосад.

Израелската војска се уште не соопшти дали беспилотните летала биле пресретнати или соборени.

Сирени за предупредување од проектили се огласија во областа Хаифа и во северниот град Јокнам Илит.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници