Силна експлозија во Хјустон, едно лице повредено

Од:

Најмалку едно лице е повредено во експлозија што се случи рано утрово во северозападен Хјустон, во американската држава Тексас, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила во 4 часот и 25 минути, а се слушнала и на неколку километри оддалеченост. Жителите пријавиле скршени прозорци на една зграда.

Локалните медиуми јавија дека најмалку едно лице е повредено.

Причината за експлозијата не е позната. Полицијата ги блокираше улиците во околината.

По експлозијата избувна пожар, поради што пожарникарите побараа од новинарските екипи да се повлечат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски