Силна експлозија утрово го вознемири најголемиот град на северот Малиј Гао, ден по судирот на исламистичките борци со француските и малијски трупи.
Како што претставниците на малијските групи изјавиле за „Франс прес“, експлозијата се случила во контролниот пункт на северниот влез во градот, кој бил мета на самоубиствени напади.
Во овие акции загинале само напаѓачите.
Најновиот инцидент се случи пред месец дека, откако Франција започна воена офанзива во својата поранешна колонија, за да ги протера исламистичките борци кои 10 месеци го контролирале северот на земјата, каде што го наметнале шериетскиот закон.