Силна експлозија во близина на американската Амбасада во Кабул

Од:

Силна експлозија утрово одекна во Кабул во близина на американската Амбасада, но според информациите нема жртви, тврдат очевидци.

Густ црн чад се издигнал во близина на Амбасадата, а се вклучиле и алармите за тревога во дипломатското претставништво.

Инцидентот се случил во момент кога голем број лица оделе на работа. Има голем број искршени прозорци во реонот на експлозијата.

Засега не е познато која е причината за експлозијата.

Кабул често пати е мета на ракетни напади, а западните медиуми потсетуваат дека авганистанските талибанци пред една недела најавија почеток на пролетната офанзива.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан