Силна експлозија над Севастопол на Крим, Русите тврдат дека собориле дрон

Од:

Над Севастопол, стратешки важно пристаниште на окупираниот украински полуостров Крим денеска одекна силна експлозија за која Русија тврди дека соборила дрон.

Москва сугерира дека Киев сè уште се обидува да изврши напади врз руските сили далеку од линиите на фронтот, на територија контролирана од руските сили.

Михаил Развожаев, гувернер на Севастопол назначен од Москва, на Телеграм објави дека руската Црноморска флота соборила беспилотно летало над морето. „Нашата армија, како и секогаш, заврши добра работа“, додаде тој.

Седиштето на руската Црноморска флота се наоѓа во Севастопол, на украинскиот полуостров Крим, кој во 2014 година беше незаконски анектиран од Русија. Од почетокот на војната, Русија лансира крстосувачки ракети од бродовите на Црноморската флота кон украинската цивилна инфраструктура, вклучувајќи ја и електричната мрежа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека на Крим и Севастопол им се закануваат „терористички напади“, додавајќи дека „регионот е подготвен да ги одбие“.

– Ризици секако постојат бидејќи украинската страна продолжува да организира терористички напади, рече Песков, додавајќи дека „се преземаат ефикасни мерки за нивно спречување“.

Руската разузнавачка и безбедносна служба ФСБ денеска соопшти дека уапсила двајца жители на Севастопол под сомнение за предавство. ФСБ тврди дека уапсените им дале информации на украинските безбедносни служби, односно дека со Украинците „за пари споделувале информации за локациите на институциите на Министерството за одбрана на Руската Федерација“. Против уапсените се поднесени кривични пријави за „велепредавство“, соопшти ФСБ.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски