Силите за безбедност на Мали почнаа со акција во хотелот Радисон, во главнот град на Мали, Бамако каде вооружени исламисти држат заложници, јави Ал Арабија.
Според министерот за безбедност во Мали, најмалку тројца заложници се убиени. Меѓу заложниците се граѓани на Турција, Франција и Кина, наведува медиумот.
Претседателот на Мали Ибрахим Бубакар кејта ја прекина посетата на Чад и се врати во Бамако, јави Франс 24.
Западни медиуми јавуваат дека се ослободени неколкумина заложници откако напаѓачите ги натреале да рецитираат од Куранот.