Силите поддржани од САД во Сирија заробија странски команданти од Исламската држава

Од:

Сириските милиции, поддржани од САД, во текот на борбите за градот Рака, заробиле високи странски команданти од Исламска држава, но засега не е познато дали ќе ги вратат во родните земји откако ќе им биде судено, изјави портпаролот на вооружената коалиција Сириски демократски сили (СДФ) Талал Сило.

– Тие беа заробени во специјални операции, а некои од нив се предадоа на нашите сили, истакна Сило.

Оваа недела Сириските демократски сили, коалиција од курдски и арапски милиции, прогласи победа во Рака.

Сило одби да прецизира за колкав број високи странски затвореници од Исламска држава станува збор, но рече дека во тек е испрашување од страна на разузнавачите на Сириските демократски сили.

– Постојат затвори дизајнирани само за Даеш (арапски акроним за Исламска држава). Ние не ги ставаме заедно со затворениците. Против нив се води истрага и ќе бидат предадени на судовите. Имаме независен судски систем, кој ќе им суди на секој од нив, рече Сило.

Тој посочи дека засега не е јасно дали по судските процеси, Сириските демократски сили ќе ги предадат на нивните земји, ниту дали засегнатите земји ќе ги прифатат.

– Тоа зависи од ситуацијата меѓу нас и овие земји. Може да имаме договор да ги предадеме, а можеби и немаме таков договор, наведе портпаролот.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД