Силен земјотрес во Италија – траеше повеќе од 20 секунди

Од:

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 19:46 часот во јужниот дел на Италија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 13 километри западно од Неапол.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), се наоѓа на длабочина од приближно 2 километри под површината на земјата.

Граѓаните велат дека земјотресот траеше повеќе од 20 секунди и беше многу силен.

„Тресеше 20 секунди, веројатно и подолго, а потоа снема струја“, напишаа луѓе кои живеат недалеку од епицентарот.

„Во Неапол сме, снема струја во станот, целиот стан се тресеше, немаме ни интернет“, „Бев во супермаркет во приземјето на зградата, предмети паѓаа од полиците, а струјата веднаш снема“, „Полиците се нишаа лево-десно, мониторите на масата исто така; нема штета, но беше многу непријатно“ – ова се дел од бројните коментари на EMSC.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски