Силен земјотрес регистриран утринава во Италија

Од:

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди италијанскиот брег од Јадранскот Море, јави ДПА.

Земјотресот е регистриран во 7:07 часот, а епицентар е во морето во близина на градот Пезаро.

Засега нема информации за било каква штета на згради или жртви и повредени.

Локалните медиуми јавија дека некои згради во областа на истокот на земјата, вклучително и болница, се евакуирани како мерка на претпазливост.

Железничкиот сообраќај беше во прекин во близина на Анкона.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага