Силен земјотрес регистриран на Вануату, издадено предупредување за цунами

Од:

На пацифичкиот архипелаг Вануату денеска е регистриран земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, а издадено е и предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри од пристаништето Олри на длабочина од 27 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами на бреговите на оддалеченост од 300 километри од епицентарот.

За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

На Вануату, кој е подложен на природни катастрофи, со активни вулкани и редовни циклони и земјотреси, живеат околу 280.000 луѓе. Архипелагот се наоѓа на пацифичкиот огнен прстен, каде се вообичаени земјотресите и вулканите се вообичаени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во јужниот дел на Пацификот

Горан Наумовски

Ерупција на подводен вулкан кај остров во Пацификот

А1он

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Вануату го пријави првиот случај на коронавирус

Ана Ололовска

ВИДЕО: Американската морнарица со ласерски топ уништи беспилотно летало над Пацификот

А1он

Помош од ОН за жртвите на циклонот Харолд во јужниот Пацифик

Ана Ололовска