Силeн земjoтрес ја погоди североисточна Јапонија

Од:

Земјотрес, што според првични податоци е со магнитуда од 5,9 степени според Рихтеровата скала, денеска го потресе североисточниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Нема предупредување за опасност од цунами.

Според Геофизичкиот институт на САД потресот бил со магнитуда од 6,1 степен, на длабочина од околу 33 километри и епицентар во морето, крај брегот на префектурата Фукушима, на околу 200 километри североисточно од Токио, каде се почувствувало тресење на зградите.

Во март 2011 година североисточна Јапонија беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 9 степени, што предизвика опустошувачко цунами.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Штип – Радовиш

Земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во Србија, четврти потрес во последните 11 дена

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Кореја: Пријавени штети на згради

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час