Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска североисточниот дел на островската држава Папуа Нова Гвинеја во Океанија, соопшти Американскиот геолошки институт.

Засега не е издадено предупредување за појава на цунами и нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Земјотресот се случил во областа Нова Ирска, на длабочина од 70 километри, 850 километри од главниот град Порт Морсби.

Силните земјотреси се честа појава во оваа држава, која се наоѓа на источниот дел на островот Нова Гвинеја во југозападниот дел на Тихиот Океан, во т.н. „Огнен појас на Пацификот“.

Во големото цунами кое се случи во 1998 година во северозападниот брег на островот загинаа над две илјади лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа во Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку 18 жртви во уривање на рудник за злато во Гвинеја

Ана Ололовска

Иран, Гвинеја и Вануату повторно имаат право на глас во Генералното собрание на ОН

Ана Ололовска

По воениот удар во Гвинеја лидерите на западна Африка воведоа санкции против хунтата

Воената хунта во Гвинеја ги замрзна сите владини банкарски сметки

Ана Ололовска

Гутереш го осуди насилното преземање на власта во Гвинеја

Ана Ололовска