Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, утрово, ја погоди областа кај островот Фиџи, соопшти американскиот Геолошки институт.
Според првичните извештаи, јачината на земјотресот била 7.2 степени, но подоцна истата е намалена на 6,9. Епицентарот бил на 284 километри југозападно од главниот град на Фиџи, Сувa, јави агенцијата Reuters.
После земјотресот издадено е предупредување за цунами, пренесува агенцијата AFP. Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.