(ВИДЕО) Страотен земјотрес го погоди Мексико Сити

Од:

Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска реонот на мексиканскиот главен град Мексико Сити, соопшти Американскиот геофизички институт.

Во моментов нема информации за евентуални жртви, како ни за посериозни материјални штети, освен за случаи на кршење на прозорци.

Епицентарот на потресот бил во западната мексиканска сојузна држава Гереро, северно од пацифичкото одморалиште Акапулко, на 31 километар од градот Текпан.

Многу жители на Мексико Сити во паника ги напуштиле своите домови.

Мексико Сити се наоѓа во сеизмички активен регион, а дополнителн проблем е тоа што градот лежи на седименти од пресушено езера, што реонот го прави трусно подрајче во кое се чуствуваат земјотреси и на поголема одалеченост.

Најмалку 6.000 лица загина во Мексико Сити во 1985 година при земјотрес од 8,1 степени според Рихтер, чиј епицентар беше на 400 километри од градот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД