Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала погоди област во близина на мексиканскиот пацифички брег, сооопшти денеска Американскиот геолошки завод.
Потресот е регистриран на околу 305 километри југозападно од крајбрежниот град Пуерто Валарте, на длабочина од околу 10 километри.
Засега нема информации за жртви и материјална штета, пренесоа британските медиуми.