Силата која од сенка управува со војната во Украина: За нив малку се знае, а имаат големо влијание на Путин и на Кремљ

Од:

Убиството на рускиот блогер Владлен Татарски фрли светлина врз темниот свет на руските воени блогери и улогата што ја играат во проширувањето на московската пропагандна машина. Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, беше убиен пред неколку дена во експлозија во кафуле во Санкт Петербург. Се стекна со слава затоа што ја поддржа инвазијата на Украина и шефот на паравоената формација Вагнер – Евгениј Пригожин, но беше интересен и поради неговите остри критики за руските воени фијаско. Со повеќе од половина милион следбеници на социјалните мрежи, тој не беше единствениот кој имаше влијание во јавноста.

Набргу по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Русија почна да затвора медиуми. Повеќето од постовите во Русија кои се однесуваат на војната се контролирани од Кремљ. Странските медиуми се недостапни, а повеќето опозициски новинари се во затвор или во бегство.

„Во моментов, единствениот начин на кој можеме да дознаеме нешто од фронтот е преку воени блогери“, вели Кендис Рондекс, директорка на Фондацијата „Фјучер Фронтлајнс“.

Имаат извори во армијата, па дури и во групата Вагнер. Самиот Татарски, роден во Украина, има блиски врски со семејството Вагнер. Има и криминално досие – отслужил затворска казна за грабеж на банка.

Повеќето блогери имаат контакти со руското Министерство за одбрана и безбедносните служби.

Многу блогери, вклучувајќи го и Татарски, со години ги покриваат руските воени операции на Блискиот Исток, Африка и Донбас.

Влијанието на блогерите се зголеми по инвазијата на Украина и повременото исклучување на Твитер и Инстаграм во Русија.

„Тие колективно почнаа да користат Telegram и нивните објави почнаа масовно да се преземаат минатиот април и мај, кога Русите ги доживеаја првите воени порази“, вели руската аналитичарка Катерина Степаненко.

Голем број нивни следбеници се поддржувачи на екстремната десница, националисти и екстремисти, не само Руси, туку и луѓе од Западна и Централна Европа.

За разлика од руските државни медиуми, повеќето воени блогери не се двоумат да ги критикуваат воените порази, вклучувајќи го и повлекувањето од Херсон и долготрајната битка за Бахмут.

Поради молкот од Министерството за одбрана, блогерите набрзо станаа единствен извор на информации.

Министерката за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека „општеството ја знаело вистинската вистина за настаните во Украина, благодарение на Татарски и другите воени блогери“.

Сепак, руските власти се познати по тоа што строго го казнуваат секој што ќе се осмели да пријави за наводните злосторства извршени од руските воени трупи.

Во декември, опозицискиот активист Илија Јашин беше осуден на осум години затвор за ширење лажни информации за руската армија. Јашин известуваше за „масакрот во Буча“.

На шест години затвор е осудена и новинарката Марија Пономаренко бидејќи напишала на Телеграм за рускиот напад врз театарот во Мариупол, кога загинаа неколку стотици луѓе, за што Русија ја отфрла одговорноста.

Се вели дека иако блогерите како Татарски често го критикуваат начинот на кој Русија ги спроведува своите воени операции, тие се меѓу најголемите поддржувачи на самата војна.

„Тие се единствените кои експлицитно велат „ни треба оваа војна за да преживееме“. Ни треба оваа војна за да продолжиме да ја величаме големината на Руската империја“, рече аналитичарката Катерина Степаненко, додавајќи дека повеќето Руси се рамнодушни кон настаните во Украина.

„Нивната цел е Русија да победи и да ја освои цела Украина, па дури и потенцијално да се бори со НАТО“, смета Степаненко.

Кендис Рондекс, директорка на Фондацијата Future Frontlines, вели дека многу блогери имаат силна поддршка од некои од најбогатите луѓе во Русија – што ги прави уште помоќни.

„Човек има тенденција да мисли дека Путин е овој ѓаволски човек кој ги контролира сите работи внатре и надвор од Кремљ. Тоа е некако вистина. „Тој дефинитивно има голема моќ над владините агенции, деловните претпријатија низ целата земја, а со тоа и богатството на земјата“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски