Сикорски: Изјавите за поделба на Украина погрешно протолкувани

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Полска и претседател на Парламентот, Радослав Сикорски изјави денеска дека неговите зборови од интервјуто дадено за едно американско интерент издание, за наводниот предлог на Русија за поделба на Украина е погрешно протолкувана.

Во интервјуто за сајтот „Ју-Ес Политко“, Сикорски е цитиран дека изјавил оти рускиот претседател Владимир Путин во 2008 година, кога премиер на Полска беше Доналд Туск, ја предложил можноста за поделба на Украина.

– Разговорот за „Ју-Ес Политико“ не беше авторизиран. Некои од моите зборови се погрешно протолкувани, напиша Сикорски на својот налог на Твитер.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков го отфрли како „бесмислен написот, објавен во американскиот сајт“.

– Прво многу добро не ја познавам дејноста на тој медиум. Во целина таа информација е слична на бесмислица, изјави Песков.

Во написот, објавен на 19. октомври, Сикорски е цитиран како вели дека рускиот претседател ја нарекол Украина вештачка држава и оти градот Лвов, во западна Украина е всушност полски град и предложил заеднички да ја поделат.

Сикорски изјавил дека Туск за среќа не одговорил на тоа прашање, бидејќи знаел дека го снимаат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски