Сијарто: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

Од:

Унгарија нема да испорачува оружје за Украина бидејќи сака да избегне инциденти во близина на својата граница слични на оној во близина на Лавов кога руската армија уништи контингент странско оружје испратен за украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Најважна работа за нас е безбедноста на Унгарија и ќе направиме се што е можно да спречиме нашата земја да се вклучи во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чауавушоглу во Анкара.

Тој повтори дека унгарската Влада одби да испорача оружје на Украина и не дозволи транспорт на оружје за украинската армија преку нејзина територија, а таа одлука ја оцени како добра, особено во светло на неодамнешниот настан во Лавов.

„Не сакаме слични настани во областите во близина на унгарско-украинската граница населени со етнички Унгарци“, изјави министерот за надворешни работи.

Руското Министерство за одбрана на 18 април објави дека користејќи ракети со висока прецизност нападнале цели во близина на Лавов и го уништиле логистичкиот центар на украинската армија и големи пратки странско оружје што пристигнале во Украина неколку дена претходно од САД и европските земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала