Сијарто: „Турски тек“ е клучот за енергетската безбедност на Унгарија

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто денеска изјави дека оперативен „Турски тек“, кој ќе минува и низ Србија, е клучот за енергетската безбедност на Унгарија.

Сијарто го кажа ова на самитот на Советот на туркофонските држави во Самарканд во Узбекистан и додаде дека Европа сега се бори да обезбеди сигурно снабдување со енергенти, пренесоа унгарските медиуми.

– Доколку ги погледниме фактите без политичка и идеолошка пристрасност, јасно е дека снабдувањето со енергенти не може да се обезбеди без туркофонските држави, подвлече тој.

Како што нагласи тој, „Турски тек“, кој ќе испорачува гас за Унгарија и Европската Унија, преку Турција, Бугарија и Србија, е единствен сигурен и логичен начин за обезбедување стабилно снабдување со енергенти.

Сијарто наведе дека Унгарија ќе увезува и таканаречена „зелена електрична енергија“ од Азербејџан, согласо договорот на државата и ЕУ за увоз на струја преку Грузија, Романија и Унгарија.

Тој додаде и дека на самитот на Советот на туркофонските држави усвоена е одлука за формирање инвестициски фонд, а ќе учествува и Унгарија.

– Привлекувањето инвестиции во Унгарија е клучна стратегија на Владата за спречување рецесија, а обемот на инвестиции од источните земји ги надмина западните уште во 2018 година, подвлече Сијарто.

Според него, изминатите 12 години приходот од трговијата меѓу Унгарија и туркофонските држави пораснал за два и пол пати, на 4,5 милијарди долари.

На овогодинешниот самит на Советот на туркофонските држави присуствуваа лидерите на Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Турција и Узбекистан, со унгарски и туркменистански претставници како набљудувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: На Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина

Сијарто: Зеленски започна грда кампања против Унгарија во последните денови

Горан Наумовски

Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба