Сијарто: САД имаат корист од рецесијата во Европа

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска оцени дека САД имаат корист од рецесијата во Европа.

„Транзицијата на европската економија во рецесија е добра вест за американската економија и се чини дека Америка може да има корист од тоа“, изјави Сијарто.

Според него, ситуацијата во Европа е „жалосна“, бидејќи „Европската комисија доста го спречува“ протокот на инвестиции во земјите-членки на ЕУ.

„Европската унија прави патетични обиди да ги замрзне инвестициите во земјите-членки. Инвестициите се единствениот начин да се избегне рецесија во екот на војната во Украина и санкциите против Русија“, рече Сијарто.

Тој додаде дека Унгарија ги користи инвестициите како клучна економска инјекција по пандемијата на коронавирусот и дека инвестициите се неопходни за одржување на економскиот раст.

„Постигнавме рекорди во претходните години, но можевме да добиеме повеќе инвестиции доколку Европската комисија не ги блокираше“, рече Сијарто.

Тој истакна дека Европската комисија ја блокира Унгарија да ги добие парите кои и следуваат, па дури и дека ја спречува да ги користи своите пари за отворање нови работни места.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: На Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина

Сијарто: Зеленски започна грда кампања против Унгарија во последните денови

Горан Наумовски

Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба