Сијарто: Пред две недели избегнавме Трета светска војна, ризикот постои и понатаму

Од:

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, смета дека ситуацијата во Украина создава опасност од директен воен конфликт меѓу Русија и НАТО и трета светска војна.

– Пред две недели само благодарение на трпението и одговорноста на полските лидери избегнавме кошмар каков што е третата светска војна – рече Сијарто потсетувајќи на падот на украинска ракета на територијата на Полска.

– За жал, тој ризик постои се додека трае војната во Украина. Затоа мораме да направиме се за да не се случи директен конфликт меѓу Русија и НАТО – напиша министерот на социјалните мрежи.

Сијарто ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт на 29 и 30 ноември. На самитот ќе се разговара за ситуацијата во Украина, влезот на Шведска и Финска во НАТО, како и зајакнувањето на воениот потенцијал на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан