Сијарто: Подготвени сме за мировните преговори меѓу Русија и Украина

Од:

Унгарија веќе двапати понуди да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина, а понудата е сè уште валидна, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Доколку е потребно, ние сме подготвени да обезбедиме соодветни фер и безбедни услови за такви мировни преговори. Среќни сме ако можеме да придонесеме за успехот на мировните акции“, рече Сијарто во подкаст емитуван на Фејсбук.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно ја објави можноста за средба меѓу рускиот и украинскиот лидер, Владимир Путин и Володимир Зеленски, со цел да се стави крај на војната во Украина што трае од февруари 2022 година.

Постојат неколку предлози каде што би можеле да се одржат разговорите меѓу Зеленски и Путин, а конкретните локации што се споменуваат вклучуваат Швајцарија, Австрија, Унгарија, Турција во Европа и, надвор од Европа, Саудиска Арабија и Катар, кои играат сè поважна улога како меѓународни посредници, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

А1он