Сијарто: Орбан е единствениот политичар во ЕУ кој соработува со лидерите на сите светски сили

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес е единствениот политичар во Европската Унија кој може истовремено да одржува соработка и односи засновани на меѓусебно почитување со лидерите на сите светски сили, изјави министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во програмата „Неделни лист“ на Радио Кошут.

Сијарто рече дека Унгарија денес е најбезбедната земја во Европа и најгласниот европски член на меѓународниот мировен камп, објавува информативниот портал Хирадо.

Унгарскиот министер за надворешни работи нагласи дека Унгарија, како единствена членка на ЕУ, постојано стои на страната на мирот, се залага за политика на мир и секогаш верува во дипломатијата.

Според него, пред три и пол години, кога избувна војната во Украина, Унгарија јасно стави до знаење дека е подготвена да помогне, подготвена да преземе каква било посредничка улога или да спроведе активности значајни за постигнување мир, објавува Танјуг.

„Сега стигнавме до точката каде што претседателите на САД и Русија се согласија мировниот самит да се одржи во Будимпешта“, рече Сијарто, додавајќи дека Унгарија, како „остров на мирот“, е подготвена да го организира овој мировен самит.

Тој оцени дека речиси сите земји од Европската Унија, освен Словачка и Унгарија, водат воена политика.

„Огромното мнозинство политичари во Брисел зборуваат за војната во Украина како за нивна војна. Брисел се подготвува за војна, сака да ја стави Европската Унија во воен режим, да ја вооружи Украина, да ја финансира Украина со парите на европските граѓани, додека Унгарија организира мировен самит. Тоа е разликата“, рече Сијарто.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Поранешниот премиер Груевски има профитабилна компанија во Унгарија

Горан Наумовски

Никола Груевски добил унгарско државјанство во 2022, тоа ја прави екстрадицијата речиси невозможна

Маѓар: Време е Унгарија да се врати во редовен правен режим

Именувана е новата унгарска влада

ВИДЕО: Медиумскиот магнат од ерата на Орбан ги нуди компаниите на државата, полицијата потврди дека ги истражува